12. коло на Втора лига ќе се игра во два дена

Познат е распоредот за мечевите од 12. коло на Втората македонска фудбалска лига, претпоследната есенска рунда ќе се одигра во два дена, со шест мечеви в сабота и еден в недела.

За сабота на програмата се мечевите меѓу Охрид и Беласица кое воедно ќе биде дерби на колото, Пелистер ќе игра со Тетекс, Брера со Кожуф, Македонија ЃП против екипата на Детонит Плачковица, Работнички ќе се соочи со Новаци, а пак Шкупи против Осогово на домашен терен.

Колото се затвара во недела со мечот меѓу Камјани и Еуромилк ГЛ.

Сите натпревари ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет