ГКК Штип со три победи во низа оди на мегдан против шампионот МЗТ Скопје Аеродром

Во одлична атмосфера и со три победи во низа, кошаркарите на ГКК Штип в сабота гостуваат кај шампион МЗТ Скопје Аеродром, во рамките на 8. коло на кошаркарската елита на Македонија.

Штипјани предводени од тренерот Марјан Србиновски имаат три победи во низа, совладувајќи ја Струмица на домашен терен, Пелистер во гости и на домашен терен триумф над Скопје во меч каде штипјани за првпат сезонава постигнаа над сто поени односно мечот го добија со 103:94.

Во една таква победничка форма и со позитивна атмосфера во соблекувалната тимот од градот под Исарот оди на гостување кај актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, кој во претходното коло на домашен терен го загуби дербито со лидерот Работнички, со што „црвено-белите“ имаат ефект од седум победи во низа.

ГКК Штип ќе бара четврта победа, а ако успее да дојде до истата ќе се израмни на четири победи и четири порази бидејќи во моментот има скор од три – четири. Од друга страна шампионот го претрпе вториот сезонски пораз, покрај поразот во претходното коло од конкурентот Работнички, „штрковите“ загубија и од Струмица и сега имаат заостанување од два бода во однос на лидерот.

Триумф за Штип ќе биде и тек како голем чекор кон пробивање во горниот дел од табелата, а МЗТ нема право на грешка против штипјани.

Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, сабота од 20:30 часот.

Александар Ванев, М-Нет