ЈП „Исар“ со екипи на терен, нормализирање на водоснабдувањето се очекува во раните утрински часови

Врнежите и неповолните временски услови создаваат сериозни проблеми при санирањето на дефектот на водоводната мрежа во Штип. Од Јавното претпријатие „Исар“ информираат дека обрушувањето на земјата ја доведува во прашање безбедноста на вработените кои се ангажирани на терен.
И покрај тешките услови за работа, екипите на претпријатието ќе продолжат со активностите сè до целосно нормализирање на водоснабдувањето.
Според најавата на ЈП „Исар“, нормализирање на водоснабдувањето се очекува во раните утрински часови.
Од претпријатието дополнително појаснуваат дека проблемот не го зафаќа целиот град, туку само дел од населените места и населби, каде што има нарушено водоснабдување.
Од ЈП „Исар“ апелираат до граѓаните за разбирање и трпение додека траат активностите за отстранување на проблемот.