Трите бодови останаа во Берово, Каменица Саса со висок триумф, „кикс“ на лидерот Победа Валандово, голем пресврт во Делчево

Десеттото коло во Трета лига регион 3 донесе голем број на погодоци на сите натпревари, три домашни победи, едно реми и една гостинска победа ја одбележаа оваа рунда.

Ланскиот второлигаш Каменица Саса ја забележа најголемата победа откако на домашен терен со 4:1 го совлада некогашниот вицешампион Турново со што „рударите“ ја продолжуваат трката за челната позиција која води кон бараж за Втора лига.

Победата на тимот од Македонска Каменица добива дополнителна тежина, бидејќи „рударите“ го искористија „киксот“ на Победа Валандово, која одигра 1:1 пред домашната публика со Дојранско Езеро.

Стојанчо Наков во 21. минута од средбата ја донесе Победа до предност од 1:0, а во вторито дел Филип Зајков погоди за конечни 1:1.

Карбинции запиша нов пораз откако загуби во Берово од Малеш со резултат од 4:2. За домаќинот ова е нов триумф и една од подобри сезони во последните неколку години.

Трите бодови останаа во Свети Николе откако Овче Поле со 4:1 го доби ланскиот второлигаш Слога од Виница, а пак голем триумф забележа Огражден откако по негатива од 2:0 славеше на крај со 2:3 над Брегалница и тоа среде Делчево.

Во рамките на десеттата рунда слободан беше екипа на Ударник од Пирава.

На првото место е Победа Валандово со 20 бодови, а пак Каменица Саса е втора со 19 бодови, но „рударите“ имаат меч повеќе. На третото место е Огражден со 19 бодови од десет меча и за тимот од Ново Село заврши есенската полусезона, бидејќи во последното коло ќе биде слободен.

На делба на четвртото место со по 15 бодови се Малеш и Хоризонт Турново, а пак Ударник е седми со 11 бодови, бод помалку има Дојранско Езеро кој е осми.

Брегалница од Делчево е на деветтото место со седум бодови, Слога Виница е на десеттото место со пет бода, а на дното е Карбиници без бодови.

Александар Ванев, М-Нет