Земјоделскиот факултет при УГД со работилница за примена на дигитални технологии и модернизација на земјоделството

Со цел да се модернизира земјоделското производство преку примена на нови технологии и дигитални решенија, денеска на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип се одржа работилницата „Од лабораторија до производство“. Настанот опфати две тематски целини – „Отворени лаборатории – Науката низ практична работа“, каде средношколците имаа можност да се запознаат со лабораториската работа и научните истражувања, и работилницата „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“, посветена на примената на современите технологии во земјоделството.

Настан кој што е организиран и за средношколците, од друга страна за фармерите, производителите, агенцииите за развој на земјоделието и сите заинтересирани страни кои што ќе слушнат повеќе информации за дигитализацијата, дигиталните алатки во земјоделското производство. Во однос на првиот дел, целта на факултетот е да ги отвори вратите на лабораторијата и да им овозможи на редношколците да ги изведат своите практични лабораториски вежби и едноставно да се поттикне таа љубов за истражувањето, односно љубов кон науката и истражувањето, затоа што сепак кажавме дека инднината останува на младите и тие се оние на кои што треба да и им ја доближиме науката, за да може да работат на тие теми.Она што им го споделивме на младите е можноста дека можат покрај лабораториските вежби, матурантите можат своите проектни задачи да ги изработуваат во лабораториските на земјоделскиот факултет. Другиот дле од настанот е вмрежување на средношколците со нашите тековни студенти и можноста да соочат со фактот дека земјоделското производство се модернизира и дека сите оние алатки кои се применуваат во земјоделсктоо производство можат да ги младитек ористат и да излеземе од оана табу тема дека земјоделието нели е една динамична облсат во која што се користат и современи методи.”, вели Арсов

Проф. д-р Димитар Наков зборуваше за примената на современите технологии во сточарството, како роботизирано молзење на кравите, автоматизирано хранење и контрола на условите во шталите, кои овозможуваат полесно и поефикасно производство.

,,Младите луѓе се оние двигатели во секој сектор па вклучително и во земјоделскиот сектор кои ќе ги прифатат новите иновации и тие иновации ќе бидат решение за едно одржилво земјоделско прпоизводство кое ќе се бори со сите предизвици и ќе биде иднината на земјоделското производство и производството на храна. Јас ќе зборувам подетално поточно за сточарското производство, имплементациајта на системите нови за измолзување на млечните крави, односно роботитете за измолзување, дигиталните решенија кои што се однесуваат на контрола на микроклиматските услови, автоматизирана исхрана, како и селекција и пакување на произведените конзомни јајца. Значи ќе се осфрнеме на сите сегменти, нешто од нив се применува, нашите компании ги прифакаат дигиталните решенија, бидејки се решение за нвинтие секојдневни проблеми.”, кажа Наков

За практичната примена на дигитализацијата во земјоделството зборуваа и претставниците од приватниот сектор, посочувајќи дека современите машини со навигација веќе се користат во сеидбата, но за поширока примена се потребни инвестиции, труд и поголема поддршка.

,,Цело време зборуваме дигитално прозивдство, но за да се оставери тоа треба да се набават машини, треба да се истите вклучат на навигација, треба базни станици. Ова е тек почеток кај нас. Имаме набавено грбре растурач, сејалка, прскалака која може да биде поддржава со навигација и да биде командувана од навигација. Првпат оваа година успеавме системот да го пуштиме во употреба и ние оваа година целата сеидба ја извршивме со дигитална сејалка која што при сеење, навигациајта исклучува каде што е еднаш сеано, тоа е виште новиот тред кој што го зборуваме, мешутоа за да се псотигне треба многу труд многу работа. Државата може многу да помогне, меѓутоа треба малку поголема соработка и заинтересираност за да се достигне ова ниво, треба многу труд.”, вели Трајковски

Инаку настанот и денеска се одржа во просториите на земјоделскиот факултет при УГД Штип.

Иван Митев, М-Нет