
Петок 13-ти или Блек Фрајдеј за граѓаните на Штип останува само уште еден обичен ден во годината. Не очекуваат ниту посебни акции, ниту намалувања на цените, бидејќи, како што велат, цените прво се покачуваат, па потоа се прикажуваат како намалени. Затоа, не веруваат многу ниту во најавените попусти и немаат големи очекувања ниту оваа година. Велат дека и утрешниот ден ќе помине како и сите останати, а одамна не веруваат ниту во суеверијата дека петок 13-ти носи несреќа.
Штипјани велат дека не веруваат во суеверија и дека петок 13-ти за нив е ист како и секој друг ден. Според нив, секој ден веќе станува тежок поради лошата еконосмка ситуација во светот.
Петок 13 ти со години се смета за несреќен ден, а суеверието е присутно во многу земји низ светот. Некои луѓе на овој датум избегнуваат патувања, важни одлуки и нови почетоци, иако не постојат научни докази дека токму овој ден носи несреќа.
Иван Митев, М-Нет