Каменица Саса како апсолутен фаворит ќе го пречека Кочани во Купот на Македонија во женска конкуренција

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција.

На Градскиот стадион во Македонска Каменица ќе се одигра натпреварот меѓу Каменица Саса и Кочани, меч каде „рударките“ се апсолутни фаворити за пласман во полуфиналето. Натпреварот ќе започне во 12 часот.

Во ист термин започнува дуелот меѓу Љуботен и Ас Јунајтед, кој се игра во Тетово.

Во 13:30 часот Пелистер ќе ја пречека Речица, каде битолчанки се фаворити за пласман во полуфиналето, а пак во 14 часот во Драчево, Истатов ќе игра со бранителот на Куп титулата Тиверија Брера.

Доколку во регуларниот дел нема победник, ќе се премини кон директно изведување на пенали, а победниците обезбедуваат пласман во полуфиналето.

Александар Ванев, М-Нет