
Крводарителска акција по повод 8 ноември, Денот на ослободувањето на Штип, в недела организира локалниот огранок на Левица во Штип. Хуманитарниот настан ќе се спроведе во просториите на партиската канцеларија во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Претставниците на огранокот велат дека целта е граѓаните масовно да се приклучат за да се испрати силна порака за солидарност и хуманост на овој голем празник. Ова е трета по ред ваква акција која традиционално се реализира по повод Денот на ослободувањето.
,,Почитувани сограѓани, на 8 ноември по повод денот на ослободувањето на Штип локалниот огранок на Левица Штип ја организира третата по ред крводарителска акција. Сакаме да и порачаме на сите граѓани да дојдат во просторијата на нашата канцеларија од 10 до 14 часот во недела, со цел да покажеме масовност и да испратиме порака на хуманост.”, вели Христовски
Од Левица Штип ги повикуваат сите хумани граѓани и крводарители да го одвојат своето време и со овој гест да помогнат во спасувањето на човечки животи
Иван Митев, М-Нет