БК Пинк Пантер од Штип на силен меѓународен турнир во Лозница, дополнителен тест за младите боксери на Чурлиновски

Штипскиот боксерски клуб Пинк Пантер, утре заминува за Лозница, Србија, каде ќе учествува на силен меѓународен турнир „Великани на лозничкиот бокс“ во организација на боксерскиот клуб Вукови са Дрине.

Пинк Пантер пријави шест боксери, но од страна на организаторот се прифатени четири боксери.

До 46 килограми ќе настапи Али Расимов, до 54 килограми Кристијан Штрков, до 57 килограми ќе настапи Иса Бајрам, а пак до 63 килограми Зулфикар Бајрам.

„Пантерите“ предводени од искусниот тренер и селектор Петар Чурлиновски утре заминуваат за Србија, а настапите на турнирот предвидени се за сабота и недела.

Како што вели тренерот Чурлиновски за М Нет телевизија, ова ќе биде тест за подготвеност на боксерите и дополнително искуство пред настапот на традиционалниот меморијал „Јордан Мијалков“, кој треба да се одржи околу 20 ноември во Штип, во организација на боксерскиот клуб Пинк Пантер.

Чурлиновски, како што претходно нагласи за М Нет телевизија, зад боксерскиот клуб Пинк Пантер е успешна спортска 2026 година и истата ќе се цели да се заврши на најдобар можен начин со нови успеси и медали.

Александар Ванев, М-Нет