
Македонските навивачи кои ќе ја бодрат репрезентацијата утре во Луцерн добија важни информации околу организацијата пред натпреварот Швајцарија – Македонија.
Фан зоната за македонските навивачи ќе биде лоцирана на Vögeligärtli (Sempachergarten), каде што е предвидено собирање на навивачите од 18:00 до 19:00 часот.
Потоа, во 19:15 часот, од фан зоната организирано ќе започне навивачкиот марш – Fan Walk кон Thermoplan Arena. Маршот ќе се одвива со полициска придружба.
Од организацијата ги повикуваат сите македонски навивачи кои ќе ја користат организираната рута да пристигнат навреме во фан зоната, со цел маршот да започне и да се одвива според предвидениот распоред.
Македонската навивачка поддршка ќе биде присутна и во Луцерн, каде „црвено-жолтите“ ќе имаат голема поддршка од трибините.