Во ЖИВО на М Нет: Македонија ЃП – Работнички, сабота 15:45 часот

В сабота се играат натпреварите од 6. коло на Втората македонска фудбалска лига, а од истото на М Нет телевизија ќе го следите натпреварот меѓу Македонија ЃП и Работнички, кој ќе започне во 15:45 часот.

Дерби дуел на два лански прволигаши. „Лавовите“ го држат шестото место со седум бодови, додека пак „романтичарите“ одиграа само три натпревари, имаат два одложени меча со Тетекс и Брера, а од истите имаат ефект од две победи и еден пораз, па со шест бодови се наоѓаат на деветтата позиција.

Македонија ЃП има две победи во низа во меѓусебните дуели, а Работнички последен пат славеше над „лавовите“ во Ѓорче на 12 ноември 2023 година. Традицијата вели дека треба да очекува најмалку два погодоци, а од последните десет меѓусебни дуели само еден заврши без погодоци.

Македонија ЃП ја прекина серијата од два порази во низа кога славеше во претходното коло над Камјани, со што „лавовите“ сега ќе бараат врзување на прва низа од две победи. Од друга страна Работнички имаше одмор поради одложените натпревари и доаѓа свеж за трета сезонска победа во Ѓорче.

Натпреварот меѓу Македонија ЃП и Работнички, следете го во живо на М Нет телевизија, сабота од 15:45 часот.

Александар Ванев, М-Нет