
Непознат сторител, пет минути пред четири часот утринава, со булдожер тргнал да му ја урне куќата на штипјанецот Џингис Сефери, додека тој и неговиот брат спиеле внатре. Во длабок сон, Сефери се разбудил од силниот удар на машината, а се уште зашеметен и во шок, истрчал надвор по пижами да види што се случува. Пред негови очи, како што раскажува, булдожерот веќе го напуштал местото, оставајќи зад себе оштетен дом и многу прашања. Сефери вели дека за влакно е избегната голема трагедија, бидејќи куќата можела да се урне врз него и неговиот брат, додека спиеле. За среќа, како што тврди Џингис, злочинот бил снимен од камера на сосед, а полицијата извршила увид. Кој стои зад овој чин и зошто некој решил со булдожер да тргне да уништи нечиј дом во раните утрински часови, треба да покаже истрагата, додава тој.
,,Значи сабајле во 03:55 доваѓа булдужер жолт-црн, од долу доаѓа, трагите се познават на гумите еве, удара со корпата двапати овде и руше ми ја куќата и право бега, а од комшијата од неговата камера е сниман, право викам полиција после тоа, сликаа. Дојдоа и двајца инспектори и ми рекоа околу 9 часот да отидам во полиција, за разговор. Не ништо не знам, немам со никого недоразбирање и не знам од кој е пратен багерот оваа штета да ми ја направе, а сум можеш внатре и да умрам, куќата е можело да ми падне врз главата. Двајца браќа сме ние, мајка ми и татко ми се починати.“, вели Сефери
Џингис Сефери вели дека куќата не му е дивоградба и дека за неа има документи. Тврди дека се му е чисто и дека нема ништо спорно околу неговиот дом, па не знае зошто некој би сакал да му го оштети
,,Куќата ми е со сите документи, не е дивгорадба, планска куќа, и улицата е пролазна, секогаш минат од овде.
Полицијата работи на расчистување на случајот и се трага по сторителот. Повеќе детали за случајот се очекуваат по завршувањето на истрагата.
Иван Митев, М-Нет