Влазними лидерски, Славеј убедлив – борбата за врвот се вжештува во Југозапад!

фото: ФК Славеј Мешеишта

Со неколку натпревари денеска беше одиграно 12. коло во Третата лига – Југозапад, во кое водечките екипи забележаа значајни победи.

Лидерот Влазними славеше со 2:1 против Света Троица 2021 и ја задржа првата позиција на табелата со 25 бодови.

Славеј беше убедлив на домашен терен и со 5:2 го совлада Демир Хисар, останувајќи во тесна трка за врвот, додека Могила 2023 минимално го победи Караорман со 1:0 и се израмни по бодови со дел од конкурентите.

По ова коло, Влазними е прв со 25 бодови, пред Славеј со 23, додека Могила 2023 и Караорман имаат по 22 бодови.

Во продолжението од сезоната се очекува неизвесна борба за врвот во оваа конкуренција.