Тивка почит во Кочани за жртвите од пожарот во Кран-Монтана

Во знак на солидарност и сочувство со семејствата на загинатите во трагичниот пожар во Кранс-Монтана, Швајцарија, во Кочани ќе се одржи тивка и достоинствена почит.

Организаторите информираат дека оваа сабота нема да се одржи најавениот „Марш на Ангелите“, туку граѓаните се повикуваат да се соберат во тишина, без говори и пароли, за заеднички да оддадат почит на жртвите.

Настанот ќе се одржи на 10 јануари 2025 година (сабота), со почеток во 16:40 часот, во Паркот на Револуцијата во Кочани.

„Тишината понекогаш зборува погласно од зборовите“ – порачуваат организаторите, нагласувајќи дека целта е со мирен собир, палење свеќи и момент на тишина да се изрази длабоко сочувство кон мајките и семејствата кои ја доживуваат болката од ненадоместлива загуба.

Од Кочани, град кој и самиот носи колективна болка од минати трагедии, се испраќа порака на човечка поврзаност и емпатија, дека тагата нема граници и дека болката на едни е болка на сите.

Граѓаните се повикуваат да донесат свеќи и со своето присуство, во тишина и достоинство, да покажат дека Кочани памети, сочувствува и стои заедно со семејствата на настраданите во Кранс-Монтана