Отворена детската градинка во село Таринци со вкупен капацитет за 100 дечиња

Отворена доградената детска градинка „Кокичиња„ во село Таринци, Општина Карбинци. Станува збор за објект во кој ќе се сместат допонително уште 50 дечиња, однонсо капацитетот на целата детка градинка ќе биде 100. На ваков начин ќе нема листи на чекање за дечиња кои би требало да бидат згрижени во детските градинки.

„Вкупниот капацитет на оваа детска градинка ќе биде 100. На мое огромно задоволство среќен сум што можам да кажам дека ова е уште еден завршен проект“ – вели Паунов.

Приоритет на Владата е да се отвораат детски градинки и во руралните средини каде што има потреба за згрижување на дечињата.

„Продолжуваме понатаму со сиот капацитет и можност што го имаме како Влада и стратегијата дека секое дете треба да биде дел од детската заштита“ – вели Велковски.

Со отворањето на нови детски градинки се создаваат услови за најмалите, да можат да бидат згрижени, да добиваат соодветно предучилшно згрижување и воспитивање.

„Водиме јасно определена семејна политика, политика која подразбира брак, деца затоа што тоа е иднината на државата. Се останато се вредности кои оваа Влада не може да ги промовира.“ – вели Мицкоски.

Дополнително Мицкоски истакна дека се прават напори да се вратат младите, но и цели иселени семејства назад во државата. Дека за тоа има интерес зборува фактот дека во основното училиште во Карбинци во првото полугодие има дечиња кои се вратиле од Германија и Австралија.

Лаура Стојанова Ќирлов, М-Нет