Лошите временски услови го одложија натпреварот Детонит Плачковица – Скопје

Натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје од 15. коло на Втората лига наместо во сабота се одложува за 3. декември.

Причината за одложување на овој натпревар е тоа што теренот во Радовиш е под голем воден талог и практично нема услови за нормална фудбалска игра.

Поради ова, во сабота на М Нет-ТВ директно ќе можете да го гледате натпреварот Осогово- Новаци со почеток од 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет