Шарен есенски парк никна во дворот на Симо Костадинов во Штип, граѓаните масовно доаѓаат и се фотографираат

Разнобојни цвеќиња како шумки, џуџулиња, трендафили, го опкружуваат просторот покрај Брегалница и секојдневно ги запираат минувачите и набљудувачите. Луѓето седнуваат на клупите, одмораат и уживаат во живописната сцена што Симо сам ја уредува со години.
Стар бунар, преработен и украсен, со ланец и кофа, стана централна точка на овој мал енески просотор.
Од обично место, Костадинов создал јавен простор што го користи целата населба.

Секој минувач овде застанува, прашува и се фотографира, а Симо и неговата сопруга со топла душа го пречекува секој еден со топло кафе, чај и бисквити. Вели не е ништо тешко, ако човек секоја работа ја прави со љубов и ќеив за душа.

Инаку, паркот се наоѓа кон патот на штипската касара Јане Сандански, покрај течението на реката Брегалница. Овде секојдневно граѓаните доаѓаат за да се одморат од секојдневната бучава и да најдат мир и топлина на душата, кој ја пружи токму овој парк со шареникави бои.

Иван Митев, М-Нет