Ракот на дојка не познава пол и возраст, заболуваат жени и девојки, а веќе и мажи. Во периодот на Розевиот месец, кога светот ја подига свеста за борбата против оваа опасна болест, д-р Валентина Митрова апелира дека не само постарите, туку и младите треба редовно да прават прегледи. Иако ракот на дојката традиционално се поврзува со постари жени, последните податоци покажуваат дека ризикот постои и кај лица над 20 години. Редовните прегледи се клучни за навремено откривање и спасување животи.
,,Еве на почеток сме на месец октомври или наречен розев месец, како месец познат по борба против карцином на дојката. Овде би сакала да напоменам дека не само женскиот пол, туку и машкиот пол исто така заболува од ова заболување, малку поретко, но за жал во последно време случаевите се зголемуваат. Како што рековте дека на удар се повозрасните, не, за жал имаме пациенти доста млади на возраст од над 20 години, така да не би апелирала само повозрасните, туку и помладите на прават редовни контроли.“, рече Митрова
Д-р Митрова нагласува дека редовната контрола е неопходна за рано откривање на болести на дојката. По препорака на лекарот кој го следи пациентот, ехото на дојка се прави еднаш годишно, а доколку нема промени, може да се повтори на секои две години.
,,Ехо на дојка по препорака на лекар, кои што ја следи пациентката се прави еднаш годишно, додека ако нема некои патолошки упстрати, на две години.“, додаде Митрова
Традиционално, месец октомври е посветен на розевата лента како симбол на борбата против ракот на дојката. Овој месец е време кога сите треба да ја подигнат свеста, да ги поддржат превентивните мерки и да не се заборави дека редовните прегледи се најмоќното оружје во борбата за здравје и живот.
Иван Митев, М-Нет
