Ќерими ќе им суди на Слога Виница и Осогово, Фуркан Идризи главен судија во Струмица, Стојанов во Автокоманда!

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од седмото коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло се отвара утре со седум натпревари кои започнуваат во 15 часот, а ќе се затвори во недела со еден меч.

Марјан Дејаноски од Кичево ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Каменица Саса и Тетекс, меч кој се игра на Градскиот стадион во Македонска Каменица.

Горан Милошевски и Александар Недевски ќе бидат помошници, а четврт судија ќе биде Борче Павловиќ.

Во Ресен екипата на Преспа ќе игра со Новаци, а за правдата ќе биде задолжен Димитар Левески од Охрид, а негови помошници ќе бидат Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски, а пак четврт судија ќе биде Дени Лековски.

Влатко Илиоски од Прилеп го доби дербито меѓу Охрид и Брегалница, а негови помошници ќе бидат Борис Трајков и Иле Мишевски, а четврт судија ќе биде Кирил Смоквоски.

Дарко Стојанов од Штип ќе биде главен судија во Автокоманда каде ќе играат Скопје кој е фаворит против Вардар Неготино. Помошници ќе бидат Зоран Саздовски и Станко Митровиќ, а четврт судија ќе биде Никола Петковски.

Големо Коњари на домашен терен ќе игра со Кожуф, а за правдата ќе биде задолжен Спире Арсов од Кочани, а негови асистенти ќе бидат Александар Ајдаров и Кирил Јованов, а пак Игор Иванов ќе биде четврт судија.

Во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачковица и Победа правдата ќе ја дели Сашко Ристов од Струмица, а негови помошници ќе бидат Стојан Костадинов и Ѓорѓи Станковски, а пак Здравко Костовски ќе биде четврт судија.

Дербито во Виница каде ќе ги одмерат силите Слога и Осогово ќе суди Бењамин Ќерими од Скопје, а ќе му помагат Филип Ицковски и Дејан Димитријевиќ, а пак Дејан Младеновски ќе биде четврт судија.

Овој натпревар ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија сабота од 15 часот.

Колото се затвара со вечерното дерби во Струмица меѓу Беласица и Шкендија Арачиново, каде Фуркан Идиризи од Тетово ќе биде главен судија.

Негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓески и Хабиљ Љиворека, а пак Ангел Гелов ќе биде четврт судија.

Овој натпревар ќе започне во 18:30 часот и ќе може да го следите во живо на М Нет телевизија.

Александар Ванев, М-Нет