Развој на туризмот, економијата, културата – Амбасадорот на Австрија, Памер, во посета на Штип

Развој на туризамот, културата, но и економијата – главни теми на дискусија на денешната работна средба меѓу Амбасадорот на Аврстија во Македонија, Мартин Памер и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Штип има потенцијал да се развива, а Австрија е подготвена да помогне.

„Имавме можност да поразговараме на теми за идна соработка на Општина Штип со австрискиот народ, за теми кои навистина се значајни за развој на нашиот град. Штип има богато културно наследство, богата историја, но и огромен потенцијал од економски аспект, од аспект на развој на туризам“ – вели Јорданов.

Како што истакна Памер, ќе се помогне во текстилната индустрија, но плановите се да се развива банскиот туризам, економијата, како и културата.

„Не само текстилната индустрија, туку и плановите во Штип да се развива и банскиот туризам и би сакал да работа и во таа насока да донесам потенцијални инвеститори и други заинтересирани актери од Австрија во Штип. Имам во план да доведам една економска мисија да ги разгледа можностите од стопанството меѓутоа и од културата имаме во план да поканиме некој камерен оркестар и изложба со што би била Австрија присутна овде.“ – вели Памер.

Кога станува збор за збатимување на две општини, како општина Штип со некоја општина од Австрија, Памер вели дека резултатите би биле минимални. Затоа преку други модели ќе се инвестира во развојот на Штип.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет