
Пет нови авио линии од ноември ќе стартуваат од скопскиот аредором, најави денес министерот за транспорт и врски Александар Николовски. Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага се новите пет дестинации кои ќе имаа редновна линија до Скопје. Според министерот Николовски ова значи повеќе поврзаност, туризам и нови економски можности за државата
,,Утрово потпишавме договор за пет нови дестинации кои што ќе оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авио летови кои што ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија, повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почну редовна авионска линија Стокхолм Скопје. Од тој месец почнува и редовна авионска линија Мадрид Скопје, а од декември почлнува редовна линија Бари Скопје, Келн Скопје и исто така Прага Скопје. Ова се пет нови авио линии кои што за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скоипскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што ги отворивме и овие 5 зборуваме за 16 нови авио линии за само една година.“, рече Николовски
Еден ипол милион патници се превезени само во првата поливна од оваа година додава Николовски. Дециден дека и во следниот период ќе има вакви новитети
Инаку, дополнително како што посочи министерот Николовски, во следниот период во Македонија се очекува да има и нови авио алинии, со што граѓаните дополнително ќе можат да патуваат, а со тоа и да доагаат нови туристи во државата.
Иван Митев, М-Нет