
Новиот прволигаш Арсими и Бобан Георгиев се разделија, двете страни не се договорија за продолжување на соработката, а тоа ќе значи дека штипјанецот ќе има нов клуб во неговата кариера.
28-годишникот во Арсими помина шест месеци, но беше клучен во остварување на целите на клубот, а тоа е историскиот влез на Арсими во Првата македонска фудбалска лига.
Георгиев постигна неколку клучни голови и запиша асистенции во неговиот шест мечен престој во Арсими.
Претходно, Георгиев настапуваше за Пелистер, Воска Спорт, Брегалница, Силекс и Металург, додека пак во странство беше дел од Радник од Србија, Борац Бања Лука и Леoтар Требиње во Босна и Херцеговина.
За Георгиев има неколку понуди и од странски клубови и во следниот период ќе треба да ја одбере најдобрата понуда.
Александар Ванев, М-Нет