
Силекс продолжува да го крои ростерот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, но и за предизвиците кои ќе бидат пред тимот од Кратово во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.
Силекс ја продолжи соработката со Ангелче Тимовски, 30-годишниот фудбалер од Пробиштип останува верен на клубот од Кратово на најмалку уште една година.
Тимовски потекнува од школата на Силекс, а тој е член на клубот 13 години, а во овој период Тимовски настапи на 215 натпревари во „црвено-синиот“ дрес во сите натпреварувања.
Во сезоната која измина Тимовски за Силекс настапи на 28 натпревари во Првата лига, постигна еден гол и запиша три асистенции, а имаше и еден настап за Силекс во Купот на Македонија во претходната сезона.
Низ својата кариера покрај за Силекс, Тимовски настапуваше и за прилепска Победа, Шкендија, Шкупи и Гостивар.
Александар Ванев, М-Нет