Цени до плафон на пазарот во Штип, граѓаните револтирани и разочарани

Цените вријат, а џебовите празни! На штипскиот пазар денес – гнев, разочараност и страв од утре.

Граѓаните велат дека особено овој петок цените не се подносливи, а примањата речиси на нула, иако крајот на месецот е се уште далеку. Истакнуваат дека покачувањето на пензиите овој петок се капа за глава со високите цени.

Дека овој петок беше по слаба побарувачката, согласни беа и производителите, ама како што велат цените за нив се реални, бидејќи големи трошоци имаат и тие.

Овој петок исто така, најмногу се бараше компирот и пиперот, кој граѓаните ги купуваат како што велат за пржење и пење. Во голема количина се бараше и јаболкото.

Иван Митев, М-Нет