Трите бодови останаа во Свети Николе, Светлот Зрновци загуби во Делчево, 15 гола во Виница!

Овче Поле на домашен терен со голот на Лазев во 90. минута ги сочува трите бодови откако славеше над Карбинци со 1:0, а минимална победа од 0:1 славеше и Дојранско Езеро во Берово над Малеш со голот на Маринковиќ, во рамки на 13. коло на Трета лига – Исток.

„Фенерџијата“ Тиверија го загуби дербито од дното откако со 0:3 загуби од Ударник од Пирава. Спасиќ беше двоен стрелец за гостинот, а еден гол постигна Коколански.

Трите бодови останаа во Делчево откако Брегалница со 2:1 забележа победа над Светлост Зрновци, Гаврилов во 74. минута си постигна автогол, а Брегалница имаше 1:0. Во 80. минута Шуманов погоди за 1:1, а Пешовски стави печат за победа на домаќинот од 2:1.

Лидерот Слога Виница со 15:0 го декласираше Хоризонт Турново во меч каде Петковски, Настевски и Амедов постигнаа по три гола, Ѓорѓиев и Воинов постигнаа по два гола, а по еден Крстевски и Христовски.

Во утрешните информативни издание на спортски вести на М Нет телевизија повеќе детали и анализа за Трета лига во сите пет региони.

Александар Ванев, М-Нет