УГД Штип изгуби осум студенти во трагедијата во Кочани, а голем дел се повредени

Универзитетот Гоце Делчев Штип изгуби осум студенти во трагедијата во Кочани, а има и голем број повредени студенти. Со цел подбрзо и поефикасно спавување со последиците отворен е Центар за психолошка поддршка на студентите, кој ќе работи додека е потребно.

„Почнавме да работиме, на некој начин да ги санираме последиците и да им помогнеме на колегите кои беа директно погодени. Универзитетот со поддршка на МОН и универзитетската комора веднаш отвори центар за психолошка поддршка. Испративме инструкции до сите колеги професори, како да постапуваат, како да им помогнат на студентите кои имаат потреба“ – додава Мираковски.

УГД Штип имаше отворено и книга на жалост, а беа дел и од молитвата за побрзо закрепнување на повредените од трагедијата во Кочани.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет