
30 годишниот Александар Стојановски од Штип го извдаи светиот крст од водите на река Брегалница во населбата Осми Ноември во Штип. Скока неколку години по ред, но ова за него е првпат да го фати крстот. Поска здравје, среќа и многу бериќет.
Митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион по осветувањето на водите на реката Брегалница кај градинката „Астибо“ во Штип упати порака за многу здравје, мир и благосостојба.
„Мир и благослов во целиот свет, во нашата татковина, во градот Штип и насекаде, многу среќа и здравје. Бог се јави“ – кажа Иларион.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов го честиташе големиот христијански празник Богојавление-Водици, на православните верници и на оние кои влегоа денеска во водите на реката Брегалница им посака здравје, радост, бериќет во нивните семејства.
„На сите христијани, да им го честитам празникот Богојавление – Водици. Мир, здравје, среќа на сите граѓани, Бог се јави“ – додаде Јорданов.
Во река Брегалница годинава скокнаа рекорден број верници по светиот крст. Во населбата Осми Номеври скокнаа на 100 верници.
Лаура Стојанова М-Нет