
Второлигашот Кожуф од Гевгелија ги започна подготовките за пролетниот дел, но клубот ќе има нов кормилар, откако за шеф на стручниот штаб беше назначен Славчо Георгиевски – Тупан.
Новиот тренер денес на Градскиот стадион во Гевгелија го собра тимот и означи старт на зимските подготовки. Ново големо засилување во тимот е Сашо Дуков, искусниот фудбалер доаѓа од редовите на Охрид.

Есенскиот дел Кожуф го заврши на делба на осмото место со Скопје со по 22 освоени бодови, а во пролетниот дел шанса ќе добијат и играчите од сопствениот погон.
Кожуф ќе одигра и неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата, а пролетниот дел Кожуф го отвара против Каменица Саса на гостински терен.
Александар Ванев, М-Нет