Брегалница загуби од Башкими, Македонија ЃП есенски шампион, прва победа за Вардарски

Заврши есенската полусезона во Втората лига, откако денес се одиграа натпреварите од 15. коло. Есенски шампион е екипата на Македонија ЃП, која е прв фаворит за прво место и прв фаворит за експресно враќање во Втората лига.

М Нет телевизија ви овозможи два ексклузивни фудбалски преноси од последното есенско коло. На М Нет телевизија го следевте натпреварот од Струмица каде Беласица загуби со 0:4. Христов беше двоен стрелец, Велкоски погоди од белата точка, а гол даде и Станковски.

На М Нет Спорт можевте да го следите натпреварот од Прилеп каде Детонит Плачковица гостување кај Победа во меч каде немаше голови (0:0).

Арсими на домашен терен играше против Вардар Неготино со 5:1 го декласираше тимот од Неготино, преку три гола на Аљбин Рамадани, Шефити и Беќири, а Ќазимов погоди за Вардар Неготино.

Охрид на „Билјанини Извори“ го пречека Борец во меч каде охриѓани го торпедираа велешкиот тим со 4:1. Двоен стелец Дишлиевски, Дуков и Димоски, за Борец погоди Костадиновски.

Брегалница со 2:1 загуби од Башкими во Куманово со што сините од Штип остануваат втори, но само со бод предност. Хамза и Демири беа стрелци за Башкими, а Калпачки за штипјани.

Во Богданци Вардарски кој остана без тренерот Ѓоре Јовановски во текот на вчерашниот ден по неговото заминување од тренерската позиција се соочи со Осогово во меч од долниот дел на табелата каде Вардарски со 2:1 за првпат победи.

Радевски и Баламов погодија за победа, а Бејков си даде автогол.

Каменица Саса на домашен терен го голема победничка форма го пречека Скопје, но мечот на 1:1 беше прекинат, ќе има дополнителен прилог на М Нет.

Новаци на домашен терен против Кожуф ги поделби бодовите играјќи 0:0.

Александар Ванев, М-Нет