
„Тутунот не го продаваме и ако нема промени, догодина нема да го произведуваме.“ . Револтирани жители од карбиснкото село Радање, реагираат за ниска откупна цена на тутунот, па согласно високите стандарди, според нив ваквата макотрпна работа е веќе неисплатлива. Велат дека еден килограм тутун првокласен сега чини 375 денари, а една кутија цигари е 135 во која има само 20 грама тутун, па затоа тие не гледаат никаква справедливост.
„Моментално имам околу 2 ипол тона, но не сум задоволен од моменталната цена и затоа не мислам да го давам и да го дадам, догодина нема да садам. Они сега рекоа дека е 375 денари првата со 300 денари втората и трета 260 денари. Не сме задоволни. Една кутија цигари е 130 денари е, а сега пак ќе ги качат. Четири пакли 500 денари, а на нас тие 4 кутии по 20 грама не сакаат да ни ги платат, а од едно кило тутун колку цигари ќе излезат.“, вели Матмут
„Имам околу четири тона некаде може, но не сум задоволен од цената што е сега, затоа нека стое. Јас мислам под 500, 600 денари никако.“, истакна Демир
“Горе доле станува збор за 5,6 тона имам оваа година, род даде Господ, беревме и биде. Воопшто не сме задоволни. Jас сум исто така и мајстор и тоа го оставив само за да работат со тутун и доколку е ваква ситуацијата, јас ќе оставам и ќе одам во странство.“, велат жителите
Тутунарите велат дека под 500 денари тие нема да го продаваат тутунот, имајќи во предвид цените во маркетите
Инаку, Последниот ден за заверување на мострите е 15-ти ноември, а потоа монополите ќе можат да ги отворат вратите за преземање на родот. Според законот крајниот рок за почетокот на откупот е 15-ти декември.