
Во период од 15. до 17. ноември Штип ќе биде домаќин на Балканско првенство во самбо борење до 20 години во машка и женска конкуренција, а на кое учество ќе земаат сите балкански држави.
На оваа Балканско првенство од Штип учество ќе земаат неколку натпреварувачи во машка и женска конкуренција, истакна за М Нет телевизија Бобан Данов, селектор на сениортската боречка репрезентација на Македонија, кој што е помагател на овој спортски настан.
Самбото како спорт е популарен во државите на поранешниот Сојузот на Советските Социјалистички Републики и претставува спорт за самоодбрана, слично е на џудото и борњето, а во Штип е нов спорт.
Клубот Гризли во Штип постои повеќе од една година, а претежно тренираат борачите од клубот Балканец, кој учествуваат на државните и меѓународните турнири.
Балканското првенство ќе се одржи во салата „Тошо Арсов“, претседателот на клубот Костадин Паризов за М Нет вели дека овој спортски настан се организира заедно со федерацијата за самбо на Македонија.
Моментално во Штип во оваа вештина се натпреваруваат борачите, а во другите градови има натпреварувачи кои се посветени само на самбото.
Интересот за овој спорт е се поголем и кај нас, а минималната возраст за да се започне со овој спорт е после осумгодишна возраст.
Александар Ванев, М-Нет