
Штипски Астибо претрпе минимален пораз на домашен терен од екипата на Скопје со резултат од 31:32, во натпревар каде одново искусната Марија Анчева постигна 16 погодоци, кои не беа доволно на крај за освојување на двата бодови.
Неизвен меч во салата „Тошо Арсов“ во Штип, натпревар од 6. коло на женската ракометна Суперлига, каде се играше гол за гол. Гостинот тргна и со два гола предност при 3:5, а потоа домаќинот дојде и до 10:9, а на полувреме беше 16:17 за Скопје. Во вториот дел Астибо имаше ново водствопри 21:20, а потоа Скопје дојде и до три гола предност при 26:29.
Во финишот на мечот Астибо се обиде да направи изненадување но успеа само да го ублажи поразот на 31:32.
Стандардно искусната Марија Анчева постигна 16 гола за Астибо, а седум гола имаше Стефанија Павловска, додека пак кај Скопје со по седум гола се истакнаа Марија Стојановска и Наталија Максимова, а шест гола имаше Јана Петровска.
Астибо има еден одложен меч од 5. коло против Чаир, кој треба да се одигра во вонреден термин.
Александар Ванев, М-Нет