
Машката сениорска репрезетанција на Македонија е на 58. место на светската рејтинг листа објавена од ФИБА.
Што се однесува до статистиката, Македонија е на 30. место кога станува збор за европската зона на ФИБА.
Америка е на врвот она светската листа, а во Европа прва е Шпанија. Кога е во прашање листата на најдобрите 5 во светот зад Америка е Шпанија, трета е Гермнија, Србија е четврта, а на петтото место е Австралија.
Женската сениорска репрезентација на Македонија е на 33. место во рангирањето на ФИБА во Европа, додека пак во светот е на 73. место. Најдобра во светот е Америка, втора е Кина, Австралија е четврта, а пак Шпанија е петта. Во Европа најдобра е Шпанија, Белгија е втора, Франција е трета, Србија која на светската листа е на 10. место во Европа е на четвртото место, а пак Турција е на 5. место.
За женската кошаркарска репрезентација на Македонија тоа е скок од две места.
Александар Ванев, М-Нет