Постои можност од срцеви и мозочни удари поради високите температури

Топлотниот бран кој ја зафати државата може да ги зголеми ризиците од несакани ефекти по здравјето . Пронозит во периодото што следи предвидуваат малку пониски температури, но сепак појавата не е изоставена . Докторите постојано апелираат да се седи дома и да се пијат многу течности со цел да се остане хидриран. Затоа најчесто повиците кон амбулантите се поврзани со малаксанот, вртоглавица и колабирање.

„Најчесто се насочуваат како негативните ефекции малаксаност, вртоглавица, колабирање поради пад на крвниот притисок, хипотензија поради несоодветно хидратирање што губиме течност преку потењето што се интенивизира во летниот период и особено на овие високи температури.“ вели Митрова

Согласно состојбата, во овој период не е изоставена појавата на мозочни и срцеви удари кај постарата популација. Но според медицинските статистики овие несакани ефекти се појавуваат и кај помладите, што значи дека сериозно треба да се внимава.

„Секако значи постои ризик особено кога од висока температура надвор влегуваме во климатизирани, настанува драстичен пад и разлика на температурата. Оние кои што претходно имаат заболување или кои што имаат ризик сега и те како се зголемува ризикот за овие несакани настани како што ги споменавте мозочни и срцеви удари. Секако значи медицинската статистика и податоците кои што ние како лекари што ги имаме веќе границите се поместени така да не се поштедени да не кажам за жал помладите, порано ова беше болест на постарите години, меѓутоа границата се поместува како горе високо на скалата.“ посочува Митрова

Како заштита од високите температури, докторите препорачуваат да се носи лесна летна облека, капи, да се пијат многу течности за да не дојде до дехидратација и колабирање, седењето дома или под сенка е исто така идеален избор. Од аспект на јадењето да се избегнува мрсната пржена храна, како замена за неа да се консумира повеќе овошје и зеленчук. Додека за хроничните лица и бремените жени се препорачува да ја земаат препишаната терапија.

Лаура Стојанова, М-Нет