Проблеми со водоснабдувањето на „Широк дол“ во Штип, ЈП „Исар“ работи на терен

Менувањето на водоводните цевки предивизика проблеми во населба „Широк дол“ во Штип. По повеќе од половина век се приклучуваат домаќинствата на водоводната мрежа и тоа е причина поради која имаат проблеми со водоснабдувањето. Засегнатите граѓани за М-Нет телевизија посочија дека веќе два дена немаат вода, свесни дека реконструкцијата на водоводните цевки ги оставила без вода околу шест домаќинства. Во оваа прилика посочија дека навремено требало да бидат известени дека може да дојде до оваа ситуација, и бараат да се реагира и да добијат вода.

„Немаме вода два дена значи од вчера немаме вода, значи не знам како не сметаат како Палестинци ли појма немам сега другите куќи се поврзани а ние не сме поврзани. Значи знам нема линија сакаат добро да се направи, но два дена во ова време на 50 степена вода да немаш. Јас не знам што е работата и соседите немат значи пет-шест куќи 10 вода неаме. Нова линија ставиле , значи новата линија штом се исклучеме од старата значи треба да не приклучат во новата мислам. А на овоа време на 50 степена вода да немаш мислам дека е срамота. “

Велат добро е што после долги години се прави реконструкција, бидејќи тоа е за општо добро за граѓаните. Но, децидни се дека додека се работи, тие мораат да полнат туби вода од соседите и ги носат дома за да можат да ги завршат своите основни потреби.

„Два дена вода нема, ај да е два саата три во ред менуваат линија што прават нека прават, а два дена ненајавено тоа е страшно. Во туби носе, влегуваме во 22 век.

“Три дена веќе немаме вода, се немаме цела недела и повеќе. Ама од вчера воопшто немаме вода. Не можам ни да носам. Сега од соседката , оти немаме сите садови стојат.

Од ЈП „Исар“ бараат разбирање од страна на граѓаните. Велат дека после 60 години се реконструира старата и дотраена водоводна мрежа, и домаќинставата се приклучуваат на новата линија. Можни се проблеми со водоснабдувањето, но целта е ваквите проблеми да бидат минато. Вода ќе има денеска, а од претпријатието апелираат на трпение, упатувајќи им извинување затоа што последните неколку дена се соочувале со проблеми.

Лаура Стојанова,М-Нет