Штипскиот земјоделски факултет домаќин на четвртото меѓународно научно советување

Штипскиот земјоделски факултет денеска е домаќин на четвртото меѓународно научно советување, а на едно место ги собра научната фела, студентите и земјоделците. Климатските промени имаат влијание врз производството на храна, но на експертите потребно им се долгододишни податоци за да направат една квалитетна анализа и стратегија. Според мерењата на УХМР последните години се потопли, а со тоа и вегетацијата на растенијата е поместена за две до три недели. Оваа година временските прилики беа погодни за житните култури.

„Во последниве години имаме потопли години, почетокот на вегетацијата е поместен за две до три недели порано од претходно. Ги поместува сите работи на земјоделците порано што предизвикува мал ризик заради појавата на пролетни мразеви кои се овично во март или април. Но доколку започне порано вегатацијата често ги фаќа во заметнување на плод кога се најсензитивни тогаш имаме поголемо замрзнување. Ова година за среќа таква ситуација на некои места имаше во глобала овошките немаа никаков проблем.“ – изјави Басовски

Се намалува бојот на студенти кои се запишуваат на земјоделскиот факултет. Но постојано се бараат студенти кои го имаат завршено земјоделскиот факултет бидејќи недостигаат стручни кадри.

„Денес се помалку се пријавуваат студенти на земјоделскиот факултет и тоа е дефицитарен кадар, но гледаме дека времето се повеќе се бараат студенти со завршен земјоделски факултет и стручен кадар или инжинери и агрономија.“ – додава Михаилов

Студентот Михаилов истакна дека земјоделскиот факултет при УГД нуди одлични услови. Целокупниот процес на студирање се врши со теоретски дел, практичен и сопствена лабараторија.

Лаура Стојанова, М-Нет