Тунискиот репрезентативец Ашреф Маргели е нов играч Вардар

Двократниот европски првак Вардар го крои ростерот за новата натпреварувачка сезона, а најново име е репрезентативецот на Тунис, Ашреф Маргели. 27-годишникот игра на позицијата десен бек, а тој со „црвено-црните“ потпиша едногодишен договор.

Маргели е стандарден член на туниската репрезентација, откако настапуваше на квалификациите за Олимписките игри 2024, како и за Олимписктие игри во 2020 години, а го носеше репрезентативниот дрес и на Светското првенство 2021 година.

Маргели стана шампион во Тунис со екипата на Есперанца, а претходно има настапува и за екипата на Ал Калеј од Саудиска Арабија.

„Сакам да му се заблагодарам на Вардар што ми даде шанса да станам дел од историскиот тим во следната сезона. Многу сум горд и мотивиран и навистина со нетрпение очекувам да ги бранам боите на Вардар, и да му помогнам на клубот да ги постигне целите поставени за претстојната сезона“, рече Маргели откако стана нов играч на Вардар.

Вардар сериозно се засилува за следната сезона за атак на шампионската титула во домашното првенство, за освојување на Купот на Македонија, но тим за Европа, па така Вардар претходно се засили со Мигел Пинто на позицијата десно крило, пристигна левиот бек Дмитро Горига, а пристигна и дефанзивецот Томче Стојановски.

Александар Ванев, М-Нет