Вардарски е шампион во Трета лига – Исток и ќе игра бараж за Втора лига!

Екипата на Вардарски од Богданци е шампион во Третата македонска фудбалска лига – Исток и ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Новиот шампион со убедливи 1:4 славеше над последнопласираниот Карбинци во рамки на последното 18. коло, а натпревар кој можевте да го следите на телевизија М Нет.

По натпреварот изјави за телевизија М Нет дадоа капитенот на Вардарски, Славе Танов и Христијан Бејков.

ИЗЈАВИ

Покрај Вардарски, претходно шампиони во своите региони станаа Борец, Велезерими и Кораб, а сега останува уште да се потврди шампионот во Трета лига – Север каде лидер е Куманово, како и екипата која ќе заврши на 14. место во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет