
Штипската пастрмајлија да се стави на листата на нематеријални добра кои треба да бидат заштитени од страна на УНЕСКО. На денешната научна конференција „Културното наследство помеѓу туризмот и идентитетот“ која се одржа во Штип, професорот Зоранчо Малинов посочи дека покрај „Четрсе“ на листата заштитени добра може да се најде и штипската пастрмајлија.
„Штип има уште многу работи да се заштитуваат, еве може и штипската пастрмалија прво на национално ниво, а може и пошироко.“ – вели Малинов.
Стратегии за наредниот период изготувава и државата, иако е потребно многу повеќе да се работи и да се придонесува, бидејќи Штип, но и државата имаат големо, културно богатство.
„Државата изготвува стратегија во наредните десетина години, но ние како археолози, историчари сме должни да потсетуваме за големото значење и за уште поголемиот центар кој треба да го заземе го културното наследство.“ – вели Тевдовски.
На денешната научна конференција присуствуваше и градоначалникот Иван Јорданов кој посочи дека преку вакви научни конференции се користи потенцијалот кој го има градот.
„Штип е град со големо, богато, култуно наследство, го имаме „Четрсе“ кое години наназад се пренесува и кој е на листата на УНЕСКО. Се надевам дека преку ваквите конференции, преку ваквите пренесувања на знаење Штип ќе го искористи потенцијалот кој го има“ – вели Јорданов.
Повод на денешната научната конференција е 22 март и првото македонско нематеријално културно наследство, штипскиот обичај „Четрсе“ кој е впишан во листата на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Деновиве се Европски денови на културното наследство, а токму турзимот, културниот туризам и културното наследство се важни пред се и од економски аспект, бидејќи носат финансии и на бизнис секторот, отвараат нови работни места, а носи и развој на градот, односно на општината.

-Како економисти ние гледаме дека од ова економски бенефити, меѓутоа треба да го подвлечеме и знаењето на идентитетот и гордоста што ја чувствува секој наш граѓанин. Културното наследство, културниот туризам се теми коишто се од повеќе значајни и треба да се третираат, бидејќи тие се нашето минато, вели Бошков.
Денешната научна конференција беше со цел да се покаже на државата и на општеството дека треба да се работи на искористување на културнотонаследство со кое располага општината и државата.
Лаура Стојанова М-Нет