Заштитна ограда ќе се постави на неколку локации во Штип со цел поголема безбедност за граѓаните

Штипско Ново Село е една од локациите каде ќе се постави нова заштитна ограда. Денес на терен, продолжуваат активностите за поставување на истата, која се поставува крај вливот на река Отиња во река Брегалница. Средствата за оградување се обезбедени од буџетот на Општина Штип со вредност помалку од два милиони денари.

„Продолжуваме со активности за поставување на заштитна ограда на четири локации во нашиот град, се наоѓаме на вливот на река Отиња во река Брегалница. Овде се поставува нова заштитна ограда, издвоени се средства од буџетот на општина Штип во вредност од нешто помалку од два милиони денари.“ – вели Јорданов

Градоначалникот вели дека во наредниот период ќе се поставуваат огради на останати три локации во градот, кои се дел од планот на општината.

„Другата локација каде што исто така ќе се поставува е на улица „Маршал Тито“, која што е веднаш спротив ЈП „Исар“, кое истото е на локација на течението на река Отиња, третата локација каде што ќе се поставува заштитна ограда е во населба Сењак и над административната зграда на Македонија пат исто така и таму ќе се поставува заштитна ограда која што е испланирана. Комплетно се заокружува целото корито на река Отиња од ЈП „Исар“ до вливот во река Брегалница, и на другите критични точки во нашиот град.“- вели Јорданов

Целта на овој проект е оградување на коритото на река Отиња, започнувајќи од ЈП „Исар“ до вливт на река Брегалница и останатите критични точки, со што ќе се подигне безбедноста на граѓаните во Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет