Кожуф убедлив на тестот против Победа

Денес на Градскиот стадион во Гевгелија се одигра пријателски натпревар помеѓу второлигашите Кожуф и Победа, во меч каде домашниот тим беше убедлив со 3:0.

Резултатот го отвори Ангел Кочев по асистенција на Метин Иљази за 1:0, а потоа Иљази постигна и гол за 2:0. Кожуф одигра одличен натпревар најава дека екипата од Гевгелија предводена од Трајче Сенев ќе се бори за висок пласман.

Во продолжението од натпреварот во Гевгелија за конечни 3:0 гол постигна Кире Митков.

Следен тест за Кожуф ќе биде против екипата на Беласица од Струмица.

Александар Ванев, М-Нет