
Третолигашот Слога од Виница го промовираше Давид Ристовски како најново зимско засилување. Офанзивецот во Слога доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф од Гевгелија.
Во својата кариера 22-годишниот Ристовски покрај за Кожуф има настапувано и за Кадино, Македонија ЃП и младинските категории на Вардар.
Претходно како што информираше телевизија М Нет екипата на Слога Виница се засили со Асан Рифадов и Игор Ѓорѓиев. Во следниот период како што најави телевизија М Нет во Слога Виница ќе бидат промовирани уште неколку засилувања.
Александар Ванев, М-Нет