Малолетници физички се пресметале во Штип

На 23.12.2023 во 19.30 во полициската станица во Штип Р.О.(47) од Штип пријавила дека во 16.30 часот на ул.„Косовска“ во Штип, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу нејзиниот малолетен син и друг малолетник и неговиот брат Ф.М. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.