„Петровден 2023 Мешеишта“: Пекара Лихнида славеше во меч со ДЕВЕТ гола, Сатеска и Др. Баткоски до нови победи

Синоќа заврши групната фаза од турнирот во мал фудбал „Петровден“ кој се одржува во Мешеишта. Во првиот меч во мајсторката од 20 часот. Стаклара Исмајлоски со убедливи 8:1 ја декласираше екипата на Подгорка која немаше сили да го запре налетот на расположениот противник.

Во вториот меч Сатеска со 2:0 го доби големото соочување со екипата на Камионски делови Бос, во третиот меч Тороман Мешеишта загуби со 1:3 од екипата на Др. Баткоски.

Во последниот меч кој беше на програмата од 22:45 часот публиката уживаше во деветте погодоци, а на крај Пекара Лихнида со 4:5 славеше над Ресторан Станица Викса Пром.

Денес и утре се слободни денови на турнирот, а во среда започнува елиминационата фаза.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.