
Синоќа беа одиграни нови три натпревари на еден од најдобрите турнири во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта.
Пред публика од околу 500 луѓе првите два натпревари направија неверојатна атмосфера со голема доза на неизвесноста околу победникот. За разлика од претходната вечер синоќе беа постигнати само осум погодоци.
Првиот натпревар започна во 20:30 часот, а во овој меч екипата на Подгорка со 2:1 ја доби екипата на Стаклара Исмаилоски. Еден час подоцна, во 21:30 часот публиката уживаше во можеби најголемата возбуда и неизвесноста околу победникот и трите бодови. Дебарца Експрес се намачи, но на крај со минимални 1:0 ги обезбеди трите бодови во дуелот со екипата на Бомбаши од Велгошти.
Во третиот меч кој стартуваше во 22:30 часот публиката уживаше во четирите погодоци на Вабко Сервис Џуте, кој со 0:4 ја доби екипата на Арена Мислешево.
Вечерва се играат нови три натпревари, а публиката од вечер во вечер постојано се зголемува. Интересот за да се проследат натпреварите на 48. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта е голем.
Вечерва во 20:30 часот екипата на Кафе Бар 9 ќе игра против Враништа, во 21:30 часот Св. Троица ќе се соочи со Хотел Амбасадор, а во последниот меч кој е закажан во 22:30 часот Пекара Лихнида ќе игра против екипата на Игор Бенд Бушиноски.
Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан во Мешеишта.
