
Нивите во Соколарци, Спанчево и дел од нивните во Бање сѐ уште стојат не обработени, односно не подготвени за сеидба. Вода од системот за дел од нивите сѐ уште нема, а останатите не може да се обработуваат заради врнежите од дожд. Ваква ситуација на терен земјоделците не паметат во последните 50 години. Велат поминуваат сите рокови за сеидба на белото злато, а загрижува и фактот дека квалитетот ќе биде послаб.
„Ситуацијата во реоните Спанчево, Соколарци е лоша. Водата ќе се пушти од 25 мај, не се ни полнати оризите и прашање е дали воопшто може да се обработат. Вода има и од систеот и од протечните води“ – вели Арсов.
Речиси цел месец врнежите од дожд се постојани и тоа негавитвно влијае врз прозводството на ориз. Арсов вели дека ваквата ситуација на терен е повеќе од загрижувачка бидејќи неизвесно е дали и кога ќе посчне да се сее оризот, а од друга страна не се зане и каков ќе биде квалитетот.
Во нормални услови, водата би требало да се пушти кон крајот на месец април, најдоцна до 5 мај и да започне сеидбата на белото злато.
Лаура Стојанова М-Нет