
Утре во Виница се игра големата директна дерби пресметка за опстанок во Втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на Слога и Локомотива Пехчево, дерби кое гледачите на телевизија М Нет, ексклузивно ќе го следат во ЖИВО како на телевизијата така и на официјалната фејсбук страница на М Нет.
Утрешното директно соочување на Слога и Локомотива Пехчево е повеќе од важно за опстанок, овие три бода на крајот од сезоната може да бидат и пресудни, па токму утре на Градскиот стадион во Виница ќе гледаме неизвесен меч во кој и двете екипи ќе влезат претпазливо и без право на грешка, бидејќи секоја може да биде кобна за конечниот исход.
Слога пред утрешниот натпревар се наоѓа на 13-тото место односно во бараж зоната за опстанок со 13 бодови, само еден помалку од Локомотива Пехчево која е на 12-тото место со 14 бодови и се наоѓа надвор од зоната за испаѓање во Трета лига. Утрешниот меч може да направи и промени на табелата односно на долниот дел од табелата.
За правдата ќе биде задоволжен Ндерим Тефику од Куманово, а негови помошници ќе бидат Александар Ѓурковски и Стефан Петровски, исто така од Куманово, додека пак за четврт судија е делегиран Никола Петковски од Куманово.
Делегат на мечот ќе биде Ристо Џинев од Нов Дојран, додека пак за контролор е делегиран Ѓорги Карајанов од Гевгелија.
Натпреварот со кој ќе се комплетира 18. коло од Втората македонска фудбалска лига ќе започне во 14:00 часот со ексклузивен пренос само на телевизија МНет и на официјалната фејсбук страница на телевизија М Нет.