
Во директен пренос на телевизија М Нет, Караорман со 2:0 ја доби Слога од Виница за сигурен опстанок во Втората македонска фудбалска лига.
Покрај брановитото Охридско Езеро, ладното време и ветрот, Караорман стигна до водство од 1:0, по неколку минути игра откако Клечкароски ја смести топката во мрежата на Трајковски.
На теренот се почувствува недостасувањето на неколкуте првотимци во составот на Крстев. Во вториот дел Слога се обидуваше да креира шанси за израмнувачки погодок. Стружани презедоа иницијатива за рано решевање на победникот и потврда за трите бода. Во последните минути Караорман преку Јошески по изведениот корнер зголеми на конечните 2:0.
По вториот гол гледавме неспортски сцени, по што интервенираа и редарите со цел да се спречи ескалација.
Караорман направи голем исчекор и го обезбедува опстанокот, а Слога ја очекува неизвесна пролет за опстанок.
Со денешниот меч во Струга се комплетираше 17. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Колку за потсетување, вчера, Гостивар со 0:3 славеше над Саса, Арсими со 2:1 го доби Кожуф, Охрид загуби дома од Вардар со 0:1, а со идентични 0:1 забележа и Беласица гостинска победа против Борец, Детонит Плачковица дома со 1:0 беше подобар од Тетекс, Воска Спорт на гостински терен беше подобра од Локомотива со 1:2, а пак Беса загуби од Пелистер со 1:2 на домашен терен.
ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВМФЛ:
