
„Вртоглавица“, „Драма изгубена во времето на Владен Александров“, „Секси лаги“, „Пасивно пушење“, „Амбасадорот“. Со овие театарски престави од вечерва започнува програмата на Нардониот театар во Штип, а истовремено одбележување на јубилејот 100 години постоење. Публиката вечерва ќе ужива во танцовиот перформанс „Вртоглавица“ на театарот од Скопје.
„Ние оваа година, 2023 година славеме 100 години организирано театарско живеење во нашиот град. Затоа народниот театар во Штип подготвува огромна театарска убава програма за цела година. Стартуваме вечерва со прекрасниот Танцов перформанс, имаме гостување на кумановскиот театар со преставата „Драма изгубена во времето на Владен Александров“ во сабота ни гостува преставата Секси лаги.
Танцовиот перформанс Вртоглавица кој е работен изминатиот период пред неколку дена за првпат се престави во Скопје, а вечерва можност да го погледне ќе има и публиката во Штип. Почетокот е во 20 часот, а влезницата е бесплатна.
„Публиката ќе има можност да го види танцовиот перформанс кое е продукт на првиот дел од нашиот проект. Во самиот проект ќе има уште два вакви циклуса, публиката ќе гледа еден специфичен танцов перформанс се вика Вртоглавица кој се работеше изминатипт период во Скопје“ – додава Маслов.

Напорна работа за танцоиот перформанс „Вртоглавица“ имаше и во доменот на кореографијата, а посебен акцент е ставено на менталното здравје и неговата важна улуга во денешницата.
„Ние работевме напорно три недели, работиме со локалните заедници во повеќе градови, со сценографи, дизејнери од вашата држава. Само што пристигнав во Штип и многу ми се допаѓа“
Сите граѓани љубителни на културата вечерва може да уживаат во преставата во Народниот театар во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет