Од корен се решава проблемот со водоводната мрежа во штипска Железничка

Жителите од улицата „Петар Поп Арсов“ во населба Железничка во Штип добиваат нова водоводна линија, со што ќе се стави крај на долгогодишните проблеми со слабиот притисок и честите дефекти на мрежата. Градежните активности на терен започнаа денеска, а се очекува да финишираат во месец април зависно од временските прилики.

„Долги години наназада жителите од населба Железничка имаат чести проблеми со старата и дотраена водоводна мрежа. Заради дефектите и слабиот притисок летните месеци во координација со ЈП Исар се одлучивме да инвестираме во реконструкција на една од главните водоводни линии на улица „Петар Поп Арсов“. Од денес стартуваат градежните активности, припремните работи за промена на оваа главна водоводна линија. Инвестицијата е 3,8 милиони денари, а целата е да се намалат честите дефекти.“ – вели Јорданов.

Подготвивтелните работи се завршени, поставени се и помошни вентили, со што од корен се решава еден од најголемите проблеми во оваа населба. Дирекеторот на ЈП Исар, Трајан Коцев повикува на трепени од страна на граѓаните додека се извршуваат активностите на терен.

„Активностите денес е реконструкција на главната водоводна линија на улицата „Петар Поп Арсов“. Главната траса е 340 метри, додека приклучните линии до корисниците се 760 метри. Извршени се сите подготвителни работи, поставени се и помошни вентили“ – вели Коцев.

Жителите се задоволни, велат потребна била реконструкција на водоводната мрежа и очекуваат проблемите со водоснабдувањето да бидат минато.

По целосно завршувања на реконструкција на водоводната мрежа за првпат ќе се пристапи и кон асфалтирање на улиците во оваа населба.

„Веднаш потоа кога ќе се инсталираат сите подземни мрежи, ќе се заврши со асфалтирање на сите останати улици во населба Железничка кои до сега никогаш не биле асфалтирани“- додава Јорданов.

До сега во штип е заменет еден сервисен вентил на водоводна мрежа, Коцев најавува до крајот на годината замена на уште седум до осум вентили.

Лаура Стојанова М-Нет